Шкријељ: ВМРО-ДПМНЕ директно застанува зад хибридните напади и сака да се доближи до радикализмот на Левица

од Nikola Popovski
188 прегледи

Повикот и дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Весна Јаневска против новите протоколи значи поткопување на напорите на надлежните институции во справување со хибридните напади, изјави пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ.

Таа истакна дека „ВМРО-ДПМНЕ директно застанува зад хибридните напади чија цел е создавање немир, тензии, недоверба и чувство на страв кај граѓаните“.

-Нашата земја е под постојани хибридни закани по почеток на воената инвазија врз Украина. Исто како и во другите држави од регионот, Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија. Но, во ниту една од овие држави не беше забележана ваква неодговорност на опозицијата. Се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ со своите деструкции само бара начин да се доближи до радикализмот на Левица, да го надмине и да и предизвика штета на сопствената земја.
Ваквото неодговорно, ќе повторам скандалозно однесување е на директна штета на учениците и на образовниот процес и тоа мора да запре, порача Шкријељ.

Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика МВР да си ја работи работата и да ги обезбеди училиштата 24 часа.

-Неспособноста да не ја затскрива со изјавата дека сме во хибридна војна. Повикувам и МОН под итно да изнајде начин да се надокнади пропуштеното додека сеуште има барем малку време. Штетата е трајна и ненадоместлива. Децата ја плаќаат цената на неспособноста на Владата. Овие деца еден ден ќе треба да ја носат на свој грб државата, нашата татковина, рече пратеничката на прес-конференција.

Слични содржини