Шкријељ: Ќе има дополнително зголемување на платите на над 27.000 наставници

од Nikola Popovski
306 прегледи

Со усвојување на Законот за минимална плата и Законот за наставници имаме дополнително зголемување на платите на над 27.000 наставници во основното и средното образование, изјави пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ.

Таа рече дека  растот на минималната плата неизбежно ќе доведе до раст и на останатите плати во сите сектори, па затоа се важни измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат речиси цела година.

Шкријељ образложи дека со овој закон, министерството и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба, со којашто се утврдува износот на вредноста на бодот за пресметување на платите на наставниците и стручните соработници. Вредноста на бодот за пресметување на платите на наставници и стручни соработници, понатаму, се усогласува со процентот на пораст на минималната плата утврдена согласно закон.

СДСМ не сака зголемување на платите на просветните работници, туку само груба партизација на образованието, обвини пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Трајкоска-Стаменкоска.

Како што рече, насилничкото и шверцерското носење на законот со кој се предвидува укинување на механизмите за контрола на квалитетот во образованието е доказ дека СДСМ планира вработувања на наставници и професори на неопределено без положен приправнички испит, односно вработувања според партиската припадност.

Слични содржини