Актуелно
Почетна / Македонија / Шкријељ: Најмалку што можеме да направиме за Атиџе е да ѝ обезбедиме услови за достоинствен живот

Шкријељ: Најмалку што можеме да направиме за Атиџе е да ѝ обезбедиме услови за достоинствен живот

„Прекрасната Атиџе од „Медена земја“ е наша гордост и за сите нас е национална хероина. Најмалку што можеме да направиме е да ѝ обезбедиме услови за достоинствен живот. Денеска имав можност лично да се запознаам и да се информирам дека таа и нејзиното семејство се корисници на повеќе права од социјалната реформа. Исто така сум среќна што Општина Лозово ќе се погрижи за санација на кровот на куќата на Атиџе во село Дорфулија“, пишува на својот ФБ профил дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.

„Атиџе ти си инспирација за секоја жена, пример дека може да се успее во се што се работи и при тоа да води сметка за природата. Доказ за тоа е твојата животна филозофија „задржи половина за себе, а другата половина остави им ја на пчелите“. Земањето од тоа што ни го дала приридата за да се преживее, без при тоа да не се наштети и да се обезбеди одржливост е лекција којашто сите треба да ја научиме за да го сочуваме светот за идните генерации“, додава Шкријељ по средбата.

„Медена земја“ доби две номинации за претстојните Оскари – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм. Документарниот филм е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. Филмот е во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер, а кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума.

Прв пат во историјата на Оскарите, се случува документарен филм да биде номиниран во две категории.

loading...