Шкријељ: Ова е фотографија која докажува дека Рашела не ја кажува вистината

од Aleksandar Todeski
524 прегледи

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, на својот Фејсбук профил објави фотографија од Министерството за труд и социјална политика, на која се гледа дека во Министерството има табла со новото уставно име, наспроти тврдењето на техниичката министерка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека во Министерството има само една табла, со старото уставно име.

„За тоа колку може и треба да се верува на техничката министерка. Ова е фотографија која докажува дека Рашела не ја кажува вистината. Во министерството се обезбедени сите услови за оддржување прес конференции во согласност со Уставот“, напиша Шкријељ.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157968129352368&set=a.10150259773522368&type=3&theater

Слични содржини