Шкријељ: Владата има слух за наставниците, понуда од 12% како никогаш досега

од Nikola Popovski
224 прегледи

Пратеничката од редовите на СДСМ, Санела Шкријељ појасни дека од 2017 година нема година во која што нема зголемување на платите на кадарот во образованието.

-Два пати по 5%, 10%, минатата година за првпат колективен договор за вработените во високото образование и сега како никогаш претходно 12% понуда за зголемување. Да не ги извртуваме тезите. Владата има слух и средства. Понудата е на маса. Апсолутно се почитува правото на штрајк, но и исто така право е правото на образование. Апелите беа да се продолжи да се преговара, но да продолжи наставата за да може учениците да си ги завршат обврските. Јас ги видов изјавите на тие што се пред СОНК, меѓутоа знам дека поголемиот дел од наставниот кадар ја почитуваат денешната одлука. Наставниците не постојат сами за себе, кажа Шкријељ во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини