Вчера, илјадници граѓани на Скопје но и на другите градови, Македонци, Албанци, Бошњаци, Турци, Срби, Роми, Власи дадоа поддршка на концептот на СДСМ кој води напред, изјави денеска пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ и им се заблагодари на присутните кои синоќа беа во салата „Борис Трајковски“.
Според неа, енергијата, масовното присуство на вчерашната трибина, но и на претходните трибини одржани во 78 општини се доказ дека политиките на СДСМ се препознаени и ценети од граѓаните.
-Граѓаните кажаа дека не се за блокади и неизвесност, туку дека се за напредок, за заедничка европска иднина. Патот кон таа иднина е со пречки од политички партии и групи кои не и мислат добро на државата, кои сакаат нашето општество да го вратат назад во времето на поделби и изолација. Затоа, потребно ни е обединување околу стратешките цели, обединување на сите прогресивни сили, обединување на сите нивоа, рече Шкријељ денеска од седиштето на СДСМ на „Бихаќка“.
Партијата вчера организира национална трибина под мотото „Силно и одлучно кон иднината“.