Од 2017 година, па до сега, отворени се 75 градинки низ целата држава, со опфат од околу 5.500 деца. Само минатата 2022 година, изградени се нови или имало доградба на 10 градинки и тоа во општините Струмица, Гостивар, Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Валандово, Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода, изјави пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ на прес-конференција.
Според неа, за оваа година планирана е изградба, доградба или адаптација на дополнителни над 20 градинки во државата.
-Освен во објекти, Владата предводена од СДСМ инвестира и во човечкиот потенцијал. Како резултат на политиките на Владата предводена од СДСМ, вработените во градинките добија за околу 21% повисока плата.
Со Колективниот договор за вработените во оваа дејност, платата на воспитувачките, негувателките и стручниот кадар во градинките од септември 2022 година, се покачи за 15 отсто. Тоа значи дека за само пет години, платите во детската заштита се зголемени за 36 отсто, или за повеќе од една третина, порача Шкријељ.