24
САД ќе ѝ обезбедат на Украина 15 милијарди долари од профит врз основа на инвестирање во замрзнати руски средства, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал.
Шмихал на Телеграм напиша дека релевантниот договор го потпишале украинското Министерство за финансии и Светската банка.
Тој посочи дека средствата ќе бидат наменети за социјални и хуманитарни трошоци, пренесе Укринформ.
Шмихал им се заблагодари на САД и на Светската банка за спроведувањето и поддршката на иницијативата, која, како што наведе, „ја принудува Русија да плати за својата агресија врз Украина“.