Шојгу: Се помалку се чекорите до нуклеарен конфликт

од Vladimir Zorba

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу денеска предупреди дека најавата на Велика Британија дека ќе и обезбеди на Украина муниција со осиромашен ураниум значи дека остануваат „сè помалку чекори“ до нуклеарен конфликт.

„НЕ е случајно што споменувам чекори. Има се помалку и помалку чекори“, рече Шојгу обраќајќи им се на новинарите, одговарајќи на прашањето дали планот да и се обезбеди на Украина муниција со осиромашен ураниум „го турка светот чекор поблиску до нуклеарен конфликт“, пренесе ТАСС.

Претходно, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, плановите на Велика Британија за пренесување гранати со осиромашен ураниум во Украина ги нарече „југословенско сценарио“.

Слични содржини