Претседателот на германскиот Бундестаг Волфганг Шојбле упати критики кон германската политика во однос на гасоводот “Северен поток 2” и изјави дека ја разбира загриженоста на источните соседи на Германија, пренесе Дојче Веле.

„ Несогласувањето со ставовите на нашите источни соседи не е еден од најдобрите аспекти на германската политика и тоа во голема мерка ја поткопа довербата“, рече Шојбле во написот во „Die Welt“.
Германскиот политичар предупредува дека „од паневропска перспектива, саботирањето на проектот за обиколница не е исто така разумно решение“.