Демократскиот претседателски кандидат Џозеф Бајден ја бакна својата 19-годишна внука во уста за време на предизборниот митинг во Ајова во неделата. Тоа предизвика лавина негативни коментари на социјалните мрежи.
Сето тоа се случи откако поранешниот потпретседател на САД влезе во салата на Универзитетот Кларк во градот Дубјук. За рака ја држеше внуката Финеган Бајден, ќерка на својот син Хантер.
„Сакам да ви ја претставам својата внука Финеган Бајден. На дедовците им е дозволено да ги бламираат своите внуки. Нејзината баба дипломираше на овој универзитет во средината на 60-тите и збореше цело време за тоа“, изјави Бајден, кој раката ја држеше преку рамо на својата внука.
„Но внуките не само што ги сакаат своите дедовци, туку им се допаѓаат. И тоа е сјајна работа. Ти благодарам, бебо.“, рече Бајден, а потоа ја бакна во уста, пишува Њујорк пост.
Фотографија од бакнежот на бајден набрзо се прошири на социјалните мрежи каде предизвика негодување и згрозување кај корисниците.