
Според известувачите на Нова.рс, полицијата вечерва фрлила солзавец кога граѓаните кои протестираат пред Собранието на Србија поради новиот полициски час.
Насобраните граѓани се обидоа да го срушат кордонот уште еднаш и да влезат во парламентот.
Следеше најжестокиот удар на демонстрантите досега, граѓаните фрлија јајца кон полицијата со намера подоцна да влезат во собранието. Полицијата мораше да реагира и да ги истурка граѓаните од скалите на собранието, фрлен уште еден солзавец.
Полициските вооружени сили фрлија и шок бомби на демонстрантите. Граѓаните бегаат кон паркот „Пионер“.
Група граѓани претходно влегоа во холот на Собранието кусо време по 22 часот, по што полицијата интервенираше и по десет минути ги исфрли од парламентот.