Шок! Фирма им забрани на работниците да имаат бради

од desk3
94 прегледи

Градежна фирма во Источен Лондон им забранила на работниците да имаат бради, објави  “Ивнинг Стандард”. Како причина за тоа на мажите им е речено дека правилото се  воведува поради “размислувања за здравјето и безбедноста”, пишува Вести Лондон.

Секој член на персоналот кој работи за “Меарс” на градилиште во “Тауер Хамлет” е должен да носи маска, која ќе го штити од прашината. Некои од работниците сепак по културни или религиозни причини имаат многу долги густи бради што, според раководството, пречи во носењето  на маската.

 

“Употребата на респираторна заштитна опрема (RPE) може да биде една од мерките за контрола, но носењето на маски за лице треба да биде последна мерка и секогаш треба да и се дава приоритет на елиминацијата на ризикот”, гласи пораката на менаџерите.