Шок на Маракана: Пет фудбалери на Црвена звезда имаат коронавирус

од Aleksandar Petrovski
179 прегледи

Фудбалскиот клуб Црвена Звезда информираше дека пет фудбалери од оваа екипа се заразени со новиот корона вирус.

Како што порачаа од клубот, станува збор за Марко Гобељиќ, Његош Петровиќ, Душан Јованчиќ, Марко Конатар и Бранко Јовичиќ.

„Играчите се чувствуваат добро, се наоѓаат во строга изолација и се во постојан контакт со медицинскиот тим од клубот. Состојбата на играчите внимателно се следи и ќе биде направено уште едно тестирање“, се вели соопштението на клубот.