Шок во Франција, затоа што судот смета дека девојче на 11 години се „согласило“ на секс со маж

од desk2
98 прегледи

Случајот со 11-годишно девојче и 28-годишен маж, кои имале секс, ја запрепасти јавноста во Франција, откако судот пресуди дека девојчето не е силувано, туку „се согласило“ на секс, со постариот маж.

Имено, случајот е од април годинава, кога мажот го сретнал девојчето во парк и го однел дома со цел „да ја научи да се бакнува“, на што таа се согласила.

Кога стигнале во северниот дел на Париз, мажот имал сексуални односи со девојчето.

Таа кажала за случката на родители, по што тие покренаа судска постапка со цел мажот да биде осуден за силување. Сепак, тој можеби нема да биде осуден за силување туку за сексуална злоупотреба на малолетник.

Целиот случај покрена широка кампања и дебата, особено од друштвата за заштита на правта на децата.
Мајката е згрозена од пресудата и тврди дека нејзината ќерка била силувана.

„Таа мислела дека е предоцна, дека нема право да се противи, и дека тоа не би направило никаква разлика, Затоа таа влегла во односите автоматски, без емоции и без реакција“, вели мајката.

Судот пак, во образложението  пишува дека девојчето не давало отпор, дека се согласило на сексуален однос, дека немало насилство, закана и присилба.

Рочиштето е закажано за 13 февруари.

Како што пишуваат француските медиуми, според францускиот закон, ако нема насилство или закана кај возрасни, не се смета за силување, но кај малолетници што не наполниле 15 години стои само сексуална злоупотреба, за што казната е 5 години затвор и глоба од 75.000 евра.

Постсетуваат дека во законите во Велика Британија, Германија и Шпанија, за малолетници под 15 години, не постои можност за согласност за секс.