Шок за јавноста: Јелена Карлеуша месечно заработува…Ау!

од desk3

Јелена Карлеуша тврди дека месечо заработува повеќе од својот сопруг, фудбалерот Дошко Тошиќ, кој игра за турскиот клуб Бешикташ. Пејачката на снимањето на новата сезона “Sвездите на Гранд” се расправаше со колегите за заработката и настапите и открила колку пари инкасира месечно. На Аца Лукас му порача дека заработува повеќе од него, но и од својот сопруг Душко. 

 – Луѓе, јас заработувам повеќе од мојот Душко! И тоа на месечно ниво. Имам многу настапи, затоа и заработувам добро. Немам гајле – рече ЈК и додаде дека не би сакала да зависи од својот сопруг.
-Јас сакам сама себе да се финансирам а не да барам од него. Сакам да купувам работи и затоа секогаш имам свои пари и само исклучиво сакам да трошам мои пари, им рече пејачката на своите колеги.

Со оглед на тоа дека Бешикташ обелодени дека заработката на Душко на годишно ниво е 1.250.000 евра, со проста математика доаѓаме до тоа дека неговата мила за еден месец заработува повеќе од 100.000 евра.

 

 

 

Слични содржини