Шок за Роналдо, Португалецот испадна од Азиската Лига на шампиони

од Марта Пешевска
33 прегледи

Саудискиот клуб Ал Ахли и јапонскиот Кавасаки ќе се борат за титулата во финалето на Азиската фудбалска Лига на шампиони, откако двата тима триумфираа во своите полуфинални пресметки. Во возбудлив натпревар одигран во Џеда, Кавасаки успеа да го совлада саудискиот гигант Ал Наср со 3:2. Јапонскиот тим поведе уште во 10. минута преку Ито, но Садио Мане израмни на 1:1 во 28. минута.

На самиот крај од првото полувреме, Озеки повторно донесе предност за Кавасаки, а Иенага во 76. минута го зголеми водството на 3:1. Ал Наср успеа само да намали на 3:2 со голот на Аиман Јахја во 87. минута. Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ започна за Ал Наср и играше до 87. минута, додека Кристијано Роналдо и останатите ѕвезди на тимот не успеаја да обезбедат пласман во финалето.

Во вторникот, Ал Ахли беше поуспешен од Ал Хилал, совладувајќи го со 3:1 и на тој начин обезбеди исто така историски пласман во финалето. Финалниот натпревар помеѓу Ал Ахли и Кавасаки ќе се одигра во сабота со почеток во 18:30 часот. Двата тима ќе се борат за својот прв трофеј во историјата на ова елитно азиско клупско натпреварување.

Слични содржини