ШОКАНТНА СНИМКА: Ајкула скокна од океанот на само неколку метри од деца

од Stefanija Kuzmanovska
404 прегледи

На социјалните мрежи се појави неверојатно видео. На него се гледа ајкула која скока од океанот и се врти како делфин кој прави трик.

Тоа беше снимено од Rockaway Times на Rockaway Beach во Квинс, Њујорк, откако беа видени голем број ајкули во областа.

Се гледа како огромното морско чудовиште излегува од разбрануваните бранови, кое го извлекува речиси целото тело од водата, а работите да бидат уште полоши, на само неколку метри подалеку, жена со своите деца се капела во водата.

Плажата Рокавеј всушност беше затворена во вторникот попладне бидејќи уште шест ајкули беа забележани во областа од 3 јули. Според PIX11, имало четири напади на ајкула на три различни плажи на Лонг Ајленд од 3 јули. Се предупредуваат капачите и посетителите на плажа да бидат дополнително внимателни.

Властите контактирале со истражувачи на ајкули за да видат што може да се направи за тековниот проблем. Се смета дека зголемените температури и потоплите мориња ги доведуваат ѕверовите во поблизок контакт со луѓето. Во понеделникот гувернерката на Њујорк Кети Хочул побара од властите да ги засилат патролите, вклучително и употреба на дронови и хеликоптери за следење на океанот.

„Ќе преземеме акција за да ги прошириме патролите за ајкулите и да ги заштитиме посетителите на плажите од потенцијално опасни ситуации“, рече Хочул.

Слични содржини