Франц Алербергер, директор на австриската агенција за здравство и безбедност на храна (АГЕС), изненади со шокантно тврдење дека бројот на заразени со коронавирус на Балканот е, всушност, до десет пати поголем од официјалните податоци, пишува „Heute“.

Тој рече дека во земји како Бугарија и Косово, стапката на инфекција достигнува 50 проценти.
„Населението на Вухан или Ишгл ја имаше оваа вредност“, изјави директорот на АГЕС пред Асоцијацијата АПА.
Според податоците на „Complexity Science Huba“ (CSH) во Виена, нешто помалку од 10.400 се регистрирани во Бугарија, 45.000 во Романија, 23.700 во Србија, повеќе од 10,000 во Северна Македонија и Босна и Херцеговина, 7.100 во Косово, 4.800 во Албанија и 2.800 во Црна Гора
Австриската влада неодамна издаде предупредувања за патувања во Србија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.