Шоле од Скопје ја почнува тридневната посета на Западен Балкан

од Nikola Popovski
150 прегледи

Високиот советник на Стејт департментот Дерек Шоле од денеска ја започнува тридневната посета на Западен Балкан.

Тој најпрво ќе го посети Скопје, каде, како што соопшти Стејт департментот, ќе разговара со претставници на Владата за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

Потоа, тој ќе отпатува за Приштина, каде што ќе разговара со претставниците на косовските институции и граѓанското општество за напорите на САД да помогнат во унапредување на евроатлантските интеграции „преку дијалог, со поддршка на Европската унија за постигнување сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, фокусирани на меѓусебното признавање“.

„Нормализација на односите меѓу Србија и Косово“

Шоле ќе престојува во Белград на 12 јануари, каде со српското раководство ќе разговара за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција и напредокот кон целта на Србија за пристапување во ЕУ.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека ќе се разговара и за „улогата на Србија во зајакнувањето на регионалниот мир и безбедност и нејзиниот континуиран ангажман во дијалогот што го води ЕУ со цел нормализирање на односите со Косово“.

Слични содржини