Шоле: САД целосно поддржуваат нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина

од Stefanija Kuzmanovska
145 прегледи

Специјалниот советник во американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле во телефонски разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакнал дека Соединетите Држави целосно го поддржуваат предлогот на Европската унија (ЕУ) за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

Шоле очекува утрешната средба на албанскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Вучиќ во Брисел да биде конструктивна, со забележителен напредок кон договор.

Тој исто така кажал дека треба да се спроведат договорите, претходно потпишани во процесот на дијалог, што вклучува и формирање на Заедница на српски општини.

Вучиќ навел дека очекува многу тешка средба, но дека Србија е посветена на мирот и стабилноста во регионот и дека во тој контекст е подготвен да работи на концептот и спроведувањето на предложениот план со јасно дефинирани ограничувања.

Се очекува на дневен ред на утрешната средба да се најде предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу двете страни, во кој една од точките е спроведувањето на досега постигнатите договори.

Вучиќ и Шоле разговарале и за европската иднина на Србија, која САД ја поддржуваат, како и за значајните можности за развој на српско-американската соработка на различни полиња, особено на економската, се наведува во соопштението.

Слични содржини