Шолц: С. Македонија направи храбри чекори, тоа треба да биде наградено

од Nikola Popovski
263 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференцијата со францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека е потребно да се испратат јасни сигнали за земјите од Западен Балкан и дека треба да се одржат ветувањата. Тој притоа истакна, дека Северна Македонија имаше храбри лидери, кои направија храбри чекори за да започне процесот на пристапување.

Одговарајќи на новинарско прашање, предлогот на Макрон за формирање „европска политичка заедница“ тој го оцени како „многу интересен предлог за соочување со големите предизвици со кои се соочува ЕУ“, притоа директно се осврна на проширувањето кон земјите од Западен Балкан и Северна Македонија.

„Оваа идеја не нè спречува да го завршиме тоа што го започнавме и на што работиме веќе извесно време. Тоа се однесува на земјите од Западен Балкан, бидејќи тие донесоа многу длабоки и храбри одлуки. Тоа треба да биде наградено. Го наведувам примерот на Северна Македонија, таа имаше храбри политички лидери кои направија храбри чекори за да започне процесот на зачленување. Ние не треба да ги обесхрабриме тие храбри чекори“, рече германскиот канцелар.

Слични содржини