Американскиот глумец Шон Пен се наоѓа денеска во Истанбул, каде работи на снимање документарен филм за новинарот Џамал Кашоги, кој на 2 октомври е убиен во саудискиот конзулат во тој турски град.

Актерот, кој е добитник на два „Оскара“, пристигнал пред конзулатот, каде неговата екипа почнала со снимање.
Медиумите пренесуваат видео снимка на која се гледа Пен како разговара со камерманот пред оградата на турската полиција која спречува пристап до конзулатот.
#SeanPenn in #Istanbul for a #documentary on #Khashoggi casehttps://t.co/JAHPyFvqaV pic.twitter.com/sOuyx0l6JD
— Yeni Şafak English (@yenisafakEN) December 5, 2018
Кашоги во дипломатското претставништво на Саудиска Арабија во Истанбул е убиен на 2 октомври, каде дошол по документи потребни за венчавка со турска државјанка.