Шоуто во Франција му припадна на Макс Верстапен!

од Vladimir Zorba

Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, е победник на Големата награда на Франција – осма трка од годинашниот шампион во Формула 1.

Луис Хамилтон (Мерцедес) заврши на второто место, а подиумот го комплетираше Серхио Перез (Ред Бул), додека четвртото место му припадна на Валтери Ботас (Мерцедес).

Петти и шести завршија возачите од Мекларен, Ландо Норис и Даниел Рикардо, седми беше Пјер Гасли, осми Фернандо Алонсо, а првите десетмина ги комплетираа Себастијан Фетел и Ленс Строл.

Слични содржини