Каталонските сепаратисти кои се наоѓаа во притвор во Каталонија префрлени се во Мадрид поради судење за обид за отцепување од Шпанија.

Судење чекаат 12 политичари од кои девет се во притвор, а троцја се на слобода со кауција, пренесе АП.
Иако, се уште не е одреден датумот на нивното прво сослушување, судијата Мануел Марчена нареди тие да бидат префрлени во Мадрид во сабота, за да бидат поблиску до Врховниот суд.
Доколку бидат прогласени виновни за бунт, на обвинетите им се заканува повеќедецениска затворска казна.
Домашните медиуми, процесот, кој ќе биде отворен за јавноста, го нарекуваат „судење на векот“. Во Каталонија на 1 октомври 2017 година беше одржан референдум за независност, кој Мадрид го забрани.
Каталонските законодавци 26 дена подоцна прогласија еднострана декларација за независност. Каталонскиот лидер во тоа време, Карлос Пуџдемон, се наоѓа во Беглија, за да избегне испорачување на Шпанија/
Меѓу оние кие се зад решетки се поранешниот каталонски потпретседател на владата Ориол Жункерас, активистот кој стана политичар Жорди Санчез и поранешната претседателка на регионалниот парламент Карме Форкадел.
Приврзаниците на обвинетите беа собрани рано утрово на ислесите на три различни затвори, од каде сепаратистите беа спроведени во Мадрид.