Шпански медиуми: Алвеш ќе игра за едно евро неделно во Барса

од Nikola Popovski

Легендарниот бразилски десен бек Дани Алвеш се врати во Барселона

Фабрицио Романо, познат италијански фудбалски новинар, пренесува дека дефанзивецот потпишал едногодишен договор со Блауграна, со можност за продолжување на соработката до јуни 2023 година.

Договорот беше постигнат во петокот откако Бразилецот пристигна во клупскиот камп.

Шпанските медиуми наведуваат дека Алвеш ќе игра за Барса со симболична плата од едно евро неделно.

Алвеш следната недела ќе се приклучи на тренинзите на славниот клуб, но до јануари нема да може да игра официјални натпревари.

Алвеш (38) во првиот мандат во Барселона играше во периодот од 2008 до 2016 година и освои 23 трофеи.

Потоа ги бранеше боите на Јувентус, Пари Сен Жермен и Сао Паоло. Со сите клубови за кои настапуваше (Баија, Севиља, Барса, Јуве, ПСЖ, Сао Паоло) освои 43 трофеи и затоа е најуспешниот фудбалер на сите времиња, во поглед на трофеи.

 

Слични содржини