Шпански научници: Рибиното и сончогледовото масло можат да предизвикаат рак на црниот дроб

од Марта Пешевска
132 прегледи

Рибиното и сончогледовото масло можат да предизвикаат воспаление на црниот дроб, односно да предизвикаат рак, тврдат шпански научници по извршените експерименти врз стаорци, објави “Дејли мејл”.

Болестите кои ги предизвикуваат двата вида на масла на црниот дроб, органот го прават подложен на неалкохолен стеатохепатит. Оваа состојба, која исто така е наречена маснотија на црниот дроб, е призната за скриен убиец, бидејќи може да доведе до појава на фиброзно ткиво, на цироза и рак. Маслиновото масло, за разлика од нив, не предизвикува таква штета.

Научниците од Универзитетот во Гранада ја набљудувале хепаталната ДНК на 72 стаорци на кои им давале маслиново масло, сончогледово масло или рибино масло од раѓањето, па се до двегодишна возраст. Овен тоа тие забележале на зглемени нивоа на стрес и нарушување на општата здравствена состојба и должината на теломерите. Сончогледовото масло предизвикало згрутливање на ткивото додека рибиното масло ја променила должината на теломерите – завршетоци на хромозомите, со чие скратување се доведува до брзо стареење, а издолжувањето на хромозомите може да доведе до појава на рак.