Германскиот неделник „Шпигел“ повторно шокира! Овој пат, на насловната страница од најновиот број, се наоѓа фотографија на американскиот претседател Доналд Трамп, над која стои „The PresidEND“ (претседател-крај), што може да се протолкува како предвидување за неговиот претстојен крај на местото на прв човек во САД.

Шпигел ја објави оваа насловна страница на својот Фејсбук профил со зборовите: „Дами и господа: Претседател на Соединетите држави“.
https://www.facebook.com/spiegelinternational/photos/a.208138832284/10157502085862285/?type=3
Претседателот изгледа како заминува на фотографијата, со одврзана, секогаш црвена, вратоврска и капа во рака.
Ова списание и претходно не беше благонаклоно кон Претседателот на Соединетите Држави и со овој потег се обидоа да го претстават својот став за моменталната состојба во Америка, потресена од протестите и растечкиот број на смртни случаи од коронавирус.