Штајнмајер: С. Македонија ќе ја збогати ЕУ

од Nikola Popovski
172 прегледи

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер денеска од Скопје порача дека посакува да нема нови пречки на пристапниот процес на С. Македонија кон ЕУ.

-Реформскиот процес да се движи со брзината со која што е потребно од аспект на ЕУ. Дали тоа ќе биде 2030 година, морате да разберете дека во моментов никој не може да вети, ниту некој политичар од ЕУ. Треба да се стремите кон тоа и целта да биде се постигне тој стремеж, рече Штајнмајер на денешната прес-конференција со неговиот македонски колега Стево Пендаровски.

Штајнмајер е убеден дека С. Македонија ќе ја збогати ЕУ и истакна дека нашата земја е доверлив партнер кој дава значаен придонес за нашата колективна одбрана и за операциите на НАТО.

-Вашата земја даде значителен придонес за поддршка на Украина и по цена на економски потешкотии, го даде својот придонес за да може да остане економскиот притисок врз Русија, порача германскиот претседател.

Штајнмаер денеска пристигна во дводневна официјална посета на Северна Македонија.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој го пречека гостинот на скопскиот аеродром, оцени дека првата официјална посета на Штајнмајер, само четири месеци по почетокот на претпристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, е јасен сигнал за позицијата на Германија за интеграција на регионот во ЕУ и континуирана поддршка за пристапување на земјава во Унијата.

Слични содржини