Штајнфелд му откри на Вишото обвинителство кој ја силувал, јавноста шокирана

од Stefanija Kuzmanovska
512 прегледи

Актерката Даниела Штајнфелд му откри на Вишото јавно обвинителство дека актерот, опозициски политичар, поранешен министер и член на Демократската партија, Бранислав Лечиќ, е мистериозниот моќен човек од филмската индустрија кој ја силувал, пренесе „Нова.рс“.

Штајнфелд се појави во Вишото јавно обвинителство во Белград пред неколку дена, на покана на обвинителката да ја дополни својата претходна изјава. Во присуство на адвокат, таа зборуваше за своето трауматско искуство, за кое јавноста дозна пред неколку месеци во нејзиниот документарец, снимен во Америка, каде што моментално живее, наведе „Нова.рс“.

Како што дознава порталот, Штајнфелд открила дека мистериозниот силувач, чиј идентитет упорно го криеше од јавноста, бил актерот Бранислав Лечиќ, наведувајќи дека тој ја напастувал пред неколку години, додека таа работела на проект со него.

По сослушувањето на Штајнфелд, обвинителството треба да донесе одлука како ќе постапи, а се очекува Лечиќ да биде поканет да го каже своето мислење во врска со пријавата на актерката.

Во претходната изјава дадена пред обвинителот, актерката не даде никакви детали што укажуваат на потенцијалниот сторител. Таа тогаш рече дека тој е „многу моќен човек“ кој постојано се појавува во јавноста.

Актерката изјави дека била силувана кога имала само 21 година, па затоа, како што рече, се преселила во Америка. Во документарецот „Држи ме цврсто“, таа рече дека ја силувал моќен човек од домашната филмска индустрија, чие име не сакаше да го открие.

„Имав идеја да направам филм за последиците од силување и сексуално злоставување од перспектива на жртвата и луѓето кои го извршиле злосторството. Кога погледнав во суровината, бев охрабрена и решив во последен момент да ја споделам мојата приказна“, ја цитираше „Варајети“.

Слични содржини