Штајнмаер: Многу луѓе изгубија сè во поплавите и сметаат на поддршка од државата

од Vladimir Zorba

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер го посети Ерфштад, во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, која беше најтешко погодена од поплавите, и разговараше со локалното население и спасувачките екипи кои започнаа да го расчистуваат теренот по повлекувањето на водата.

Штајмер рече дека вистинскиот обем на катастрофата ќе се знае за едвај неколку недели и посочи дека многу луѓе изгубиле сè што стекнале во животот.

„Многу луѓе тука во овие региони немаат ништо друго освен надеж и не смееме да ги разочараме“, рече тој, додавајќи дека единството и солидарноста во земјата се важни во ова тешко време.

Премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, кој заедно со Штајмер го посети Ерфштад, вети дека ќе организира помош за погодените граѓани во наредните денови. Тој рече дека регионалните и федералните власти ќе разговараат за помошта за реконструкција во наредните денови.

„Ќе сториме сè за да го обновиме она што може да се обнови“, рече Лашет.

Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел објави дека ќе разговара за тоа во среда.

Бројот на жртви од поплави што ја погодија Германија достигна 133, соопшти полицијата.

Како резултат, бројот на загинати во Европа се искачи на 153.

Градската полиција во Кобленц соопшти дека, според сегашните податоци, 90 лица го загубиле животот само во државата Рајнска област-Пфалц.

Во Северна Рајна-Вестфалија беа убиени 43 лица, додека во соседна Белгија беа евидентирани 20 жртви.

Тој биланс сè уште не е конечен бидејќи многу луѓе се водат како исчезнати и во Западна Германија и во Белгија.

Поплавите ги зафатија и Холандија и Луксембург, но нема извештаи за жртви.

Слични содржини