
Како и секогаш при промени на власта има нејаснотии, сомнежи и прашалници за курсот на кој ќе го преземе новото раководство, напиша во весникот. “Билд” министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер во врска со инаугурацијата на Доналд Трамп како нов претседател на САД.
Тој додава дека во времињата на ново глобално безредие станува збор за нешто повеќе што денес светот го става пред сериозен предизвик: Со изборот на Доналд Трамп се стави крај на светот каков што беше во дваесеттиот век. “Живееме меѓу светови, повоениот поредок и четврт век по падот на Берлинскиот ѕид, кои остануваат во историјата.
Кои претстави за светски поредок во XXI век ќе бидат воведени, како ќе изгледа утрешниот свет, останува да се види. “Штајнмаер додава дека Берлин сака да направи сосема јасни своите претстави и очекувања за претстојното и да се оформи ново партнерство меѓу Европа и САД .
На дневниот ред на обликувањето на овие нови односи Германија гледа слободната трговија, размена и отворен свет, обединување на силите против екстремизмот и тероризмот, тесна и полна со доверба заедничка трансатлантска работа врз основа на заеднички вредности.
“Знам дека треба да се подготвиме за бурни времиња, за одредени непредвидливоста и нови неизвесности.
Но сум убеден дека ќе најдеме внимателна публика во Вашингтон, која знае дека во овој свет дури големите земји имаат потреба од партнери, и кои се подготвени да одат по патот заедно со добри пријатели и докажани сојузници. “