Штериев и во следните 4 години на чело на Македонска берза

од Vladimir Zorba

Комисијата за хартии од вредност (КХВ), на денешната седница, донесе Решение со коешто се дава согласност Иван Штериев да биде именуван за главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје.

Согласно Одлуката на Собранието на акционери на Македонска берза и одлуката на Одборот на директори на Македонска берза, мандатот на Штериев му е до 29-ти мај 2024 година.

Актуелниот мандат на Штериев е до 28-ми ноември оваа година, а на чело на оваа финансиска институција е од 2005-та година.

Инаку, Штериев во Македонска берза работи уште од 1996 година.

Слични содржини