Штетните ефекти на алкохолот врз кожата

од Vladimir Zorba
408 прегледи

На крајот на оваа недела, понекогаш и навечер по долг работен ден, сакаме да се отпуштаме со коктел, чаша вино или жесток алкохолен пијалок. Кога потрошувачката на алкохолни пијалаци е еднаш или два пати неделно во разумни количини, тоа не нанесува којзнае какви штети на организмот.
Но, честото пиење доведува до голем број на проблеми, исто така се одразува и на здравјето и убавината на кожата. Како, видете во следните редови.

Ја дехидрира кожата
Консумирањето алкохол има силно дехидрирачки ефект. Главоболката, сувата уста, се едни од најчестите симптоми на дехидратација. Несаканите ефекти од неколку испиени пијалаци влијаат негативно и врз здравјето и убавината на кожата.

Дехидратацијата е една од најчестите причини за брзото стареење на кожата. Затоа секогаш кога пиете алкохол, а и часови подоцна пијте доволно количество вода.

Штета на црниот дроб, што повторно влијае на кожата
Алкохолните пијалаци содржат токсини, кои со текот на времето нанесуваат оштетување на црниот дроб. Ова ја намалува можноста овој орган да ги филтрира токсините, што се одразува на убавината на кожата.

Подочници
Алкохолни пијалоци како коктел “Маргарита” на пример, кои се прават со сол или текила која се пие со сол, имаат двојно дехидрарачки ефект. Не само што дехидтарацијата ќе е посилно изразена, но и штетата врз кожата се зголемува.
Бидете сигурни дека наутро од задржувањето на вишокот течности лицето ќе биде подуено, кожата ќе изгледа безживотно.

Алкохолот ја лишува кожата од основните хранливи материи
За да биде кожата здрава и убава, таа има потреба од витамини, минерали, антиоксиданси, аминокиселини. Честото конзумирање на алкохол може да доведе до недостаток на важни основни хранливи материи. Како резултат на тоакожата нема свеж тен, почнува да ја губи еластичноста , побрзо старее.

Може да доведе до појава на розацеа
Со текот на времето редовната консумација на алкохол може да доведе до трајно оштетување на кожата, како розацеа, на пример. Таа започнува со црвенило на лицето кое може да стане хронично и да ги направи капиларите под кожата уште повидливи.

При потешки случаи се забелеуваат и болни лезии на кожата.
Слатките и миксирани алкохолни пијалоци предизвикуваат појавата на брчки
Алкохолни пијалоци, кои се мешаат со слатки додатоци како сокови, како и ликери, предизвикуваат пораст на нивото на шеќерот во крвта. Ова системско воспаление во организмот може да доведе до оштетување на клетките. Така кожата ја губи својата еластичност побрзо, што е причина и за раната појава на брчки.