156
Благој Бочварски, од понеделник градоначалничката фотелја ќе ја замени со министерската, во Министерството за транспорт и врски.
Според најавите на мандатарот Заев, Штипјани ќе гласаат за нов градоначалник во октомври-ноември или во февруари.
„Владата заедно со Советот на Општината ќе изнајде решение кога е најдобро, но пред сè во консултации со Министерството за здравство. Дали е најдобро да се оди на избори сега октомври-ноември или во февруари затоа што рокот е в.д. градоначалник да има најмногу шест месеци и после да се оди на избори. “,изјави денеска Заев.