Штипјанец фатен дома со големи количества на куршуми и пиротехника

од Nikola Popovski
11 прегледи

На 08.08.2025 СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против А.Ф. (57) од Штип поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по чл.396 ст.1 ст.3 ст.4 и ст.5 од КЗ. На 13.02.2025 од страна на полициски службеници од СВР Штип, врз основа на издадена судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории на А.Ф., како и во деловен објект во Штип.

При тоа се пронајдени 149 парчиња пиротехника, 215 куршуми и една ловна пушка, по што А.Ф. бил лишен од слобода.