Штипјанец фатен дома со над 4300 петарди

Пронајдени над 4300 парчиња пиротехнички средства во Штип, лишено од слобода едно лице, следува пријава

од Nikola Popovski
9 прегледи Фото: МВР

На 08.12.2025 во 20:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Н.(47) од Штип. При преглед на неговата тезга на плоштад „Слобода“ во Штип, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 1340 парчиња разновидни пиротехнички средства. Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом, при што се пронајдени уште 2993 парчиња различни пиротехнички средства.

Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.