Штипјанец во самоизолација не ги чекал резултатите од тестот и отишол кај пријател

од Берта Китинска
255 прегледи

Штипското основно јавно обвинителство побара казна за жител на овој град на кој откако му бил направен тест за коронавирус, го напуштил домот и отишол на гости.

Коронавирус

Обвинетиот не ги почитувал мерките и препораките на надлежните институции бидејќи откако му бил земен брис за утврдување на присуство на Ковид-19, бил предупреден дека треба да остане во самоизолација, се до добивање на резултатите од тестот.

Но, наместо да седи во својот дом обвинетиот излегол и отишол на посета кај друг штипјанец.

Тој се товари дека сторил кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Обвинителството му предложи на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Слични содржини