621
Во Скопје на Универзитетската клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје се роди четворка. Брачниот пар Благица и Александар Зикови од Штип во текот на вчерашниот ден станаа родители на три момчиња и едно девојче.
Бебињата се родени со помош на докторката Елена Ели Николовска која ја водела целата бременост. Бебињата се предвремено родени, но се во добра здравствена состојба.
Оваа четворка е втора по 27 години во Штип. Првата родена четворка била во 1997 година.