Штипскиот пожарникар стигна во Хрватска: „Страшни глетки, но сите се обединети и сложни“ (ФОТО)

од Nikola Popovski
377 прегледи

Александар Ѓорѓиевски од Штип, пожарникар по професија е првиот Македонец кој им помага на хрватските граѓани, после катастрофалниот земјотрес од 6,3 степени.

Тој по пристигнувањето во Хрватска на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека заминал во Сисак и каде што бил вклучен во активностите за помош на жителите на овој град.

„Страшни глетки но обединети сложни се борат народот е вклучен хуманитарни пакети полни камиони шлепери донации стигаат од сите страни работава искрено е многу тешка овде и да бидам искрен луѓе на терен имаат и превише и од тоа се ствара премногу хаос единици војска полиција црвен крст волонтери како мене сите можни институции се на терен и кога командаат многу луѓе можете да претпоставите и каква е состојбата на терен“, напиша Ѓоргиевски.

Според неговото сведоштво, на доброволиците не им е дозволено да работат работи кои се во надлежност на хрватските институции.

„Посочено ни е на сите волонтери да ги истовараме хуманитарните пакети и да се доставуваат со комбиња до погодените граѓани кој останаа без кров над глава. Искрено таа работа два до три дена ке се среди и потоа си преземаат тие“, објави тој.

Се уште нема информации дали и други Македонци ќе му се приклучат во Сисак, едно од најпогодените места.

„Друго е институционално да се приклучиш друго е вака. Јас пред да тргнам напишав на ФБ, дека заминувам. Почекав два часа. Никој не се јави. Дури ни моите дома не знаеја дека одам. Мојата мајка беше на работа. Мојот брат и снаа исто така. Немаше дома никој. Набрзина го спакував куферот. Викнав такси, да ме однесе до граница. Од таму ме собра автобусот на Хисар. Газдата кога слушнал каде одам, му рекол на шоферот, да не ми наплаќа за карта. Ме донесоа до Загреб. Од таму отидов до местото. Но, и кој да е во една ваква ситуација невозможно е да се организираш колку и да си спремен. Од сите страни луѓе доаѓаат. Од сите страни има повици за помош. Едноставно речено ситуацијата е многу тешка“, вели Александар.

 

Слични содржини