Штитениците во ВПД-Тетово добија можност за посетување настава по основно образование

од Stefanija Kuzmanovska
169 прегледи

Штитениците во Воспитно-поправниот дом – Тетово неспоредно пред Нова година „за подарок“ добија можност за посетување настава по основно образование, што иако е уставно загарантирано право, тие сепак не го остваруваат во целост, бидејќи образовниот процес во домот постојано е во прекин.

Петнаесет деца, кои во ВПД-Тетово отслужуваат мерка „упатување во воспитно поправен дом“ од јуни минатата година посетуваа настава за основно образование, но поради непродолжување на договорите со наставниците од Основното училиште за возрасни „Антон Семјонович – Макаренко“, процесот беше прекинат кон средината на октомври.

За речиси два месеци, поточно на 13 декември наставата продолжи, беа обновени договорите на наставниците, кои таму ги образоваат децата во рамки на проект на Министерството за образование и наука и УНДП.

Овој пат прекинот беше кус, но решението старо и времено, со оглед на тоа што формалното образование се спроведува со проект, а по завршување на годината, штитениците наместо валидни дипломи, добиваат потврди, кои немаат карактер на јавна исправа.

Слични содржини