Што беше тоа корона: 11.000 луѓе на концерт во Вухан (видео)

од Nikola Popovski

Илјадници луѓе присуствуваа на музичкиот фестивал во Вухан, кинескиот град од каде започна епидемијата на коронавирус.

На висока температура на првиот ден од мај, Меѓународниот ден на трудот, кој широко се слави во Кина, собраните на фестивалот танцувале, скокале и воодушевувано викале, додека некои од нивните омилени музичари излегувале на сцената, според Ројтерс.

Фестивалот се врати во Вухан, по едногодишна пауза заради пандемијата со Ковид-19, во град за кој се верува дека го забележа првиот случај на коронавирус.

Организаторите на дводневниот фестивал изјавиле дека бројот на публиката бил ограничен, додавајќи дека околу 11.000 луѓе присуствувале на концертите во саботата.

Некои од гледачите носеле маски, но многумина не, се додава.

Дводневниот настан обединил познати и помалку познати локални пејачи и бендови на три сцени во Вухан Гарден Експо паркот.

„Strouberi mjuzik festival“ се одржува и во други кинески градови, вклучително и во Пекинг, за време на националниот празник.

Слични содржини