Што да правиме со косата пред шампонот

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Нанесувањето на маска или масло за коса е еден од најважните чекори за козметичкиот режим во грижата за фризурата.b4f00f12705dac0a19c5d6bd3a7f48ea

Сигурно особено распространети во индустријата се топлите масажи, бидејќи високата температура помага за апсорпцијата на производите во влакното и длабокото хидратирање.

Тоа е и една од работите кои е добро да ги направите пред да влезете во бањата и како и обично да нанесете шампон.

На овој начин не само што ќе додадете сјај во косата, но ќе ја подобри и целокупната нејзина состојба. Ви претставуваме неколку совети за тоа што е добро да се направи пред да влезете под туш.

1. Направете си маска за коса со две масла, како рицинусово и маслиново масло, на пример. Можете да додадете капсули со витамин Е или бадемово масло, за да се спротиставите на сезонско губење на косата.

2. Задолжително масирајте го скалпот барем 20 минути пред да оставите каква и да е маска да дејствува.

3. Никогаш не користете топла вода за плакнење, бидејќи тоа ќе ја направи косата груба и сува.

4. Можете да засилите со комбинација од јогурт и јајца, која ќе ја нанесете пред да ја измиете косата.

5. Маска со мед и урда е добра опција да ја навлажните длабоко косата во средните периоди во годината.

6. Испасирајте две зрели банани до добивањето на паста. Додадете две лажици мајонез и една лажица маслиново масло. Нанесете и оставете на косата за час. Измијте со млака вода и потоа користете шампон и балсам.