Што денес прави коосновачот на Фејсбук Едуардо Саверин?

од desk4
132 прегледи

Дали се сеќавате на Едуардо Саверин, поранешниот колега и бизнис партнер на Марк Цукерберг? Моментално основачот на социјалната мрежа Facebook не живее во САД, откако во 2012 година се откажа од американското државјанство (за да ги намали даночните обврски) – потег кој своевремено стекна особена популарност.

Но шефот, Саверин, никогаш не го сврте грбот на технолошката индустрија. Компанијата за ризични инвестиции на Саверин B Capital Group објави дека го свртела своето финансирање во износ од 360 милиони долари, пренесува CNN. Компанијата на Саверин инвестира во стартап мали фирми, фокусирани во здравството, финансиските услуги, осигурувањето и сл.

“Ангажирани сме да им помогнеме на следната генерација претприемачи да достават трансформативни технологии на светот”, вели милијардерот. Тој е роден во Бразил. Едуардо Саверин, чиј распад со Цукерберг е овековечен во филмот Социјалната мрежа, се пресели во 2009 година да живее во Сингапур.

Три години подоцна, тој презеде акција за да се одрече одамериканското државјанство непосредно пред ИПО на Фејсбук. И покрај разликите во минатото, вклучувајќи и тужба против Facebook, Саверин наведува дека нема ништо против Цукерберг.

Тој свокот капитал го базира во B Capital Group во 2015 година и во него работи заедно со Раџ Гангули – инвеститор, со кого се познаваат од нивни претходни финансирања. Фондот за вложување капитал е основан во партнерство со Бостон Консалтинг груп.

B Capital веќе има инвестиции во неколку стартп фирми како во индиската компанија за платежни услуги Mswipe и сингапурската логистичка фирма Ninja Van. Фондот инвестира до 20 милиони долари во секоја компанија во своето портфолио. Саверин не страда од недостаток на средства. Благодарение на неговиот малцински удеи во Facebook, инвеститорот може да се пофали со богатство во висина од 9,9 милијарди длари, велат податоците на Forbes.