Што досега е познатото за крвавиот масакр во Тексас?

од desk4
182 прегледи
  Најмалку 20 загинати и 26 повредени, властите во САД открија детали за крвопролевањето во Тексас.

Најмалку 20 клиенти на продавници од  ланецот Волмарт загинаа при пукање во трговски центар во Ел Пасо, Тексас. Во нападот повредени се 26 лица , изјави гувернерот Грег Абот.

 Осомничен е 21-годишниот Патрик Крусиус од градот Ален , северно од Далас. Тој беше уапсен по пукање во саботата наутро. Тој се предаде на властите.

Градоначалникот на Ел Пасо Ди Марго изјави дека полицијата проверува расистичка порака на Интернет , објавена непосредно пред пукањето.

Криминал од омраза е меѓу мотивите кои властите ги испитуваат.

Полицијата ги блокира улиците и изврши увид во неговиот дом .

 

Во една од локалните болници се примени 11 лица на возраст меѓу 35 и 82 години .9 лица се во критична состојба, двајца се во стабилна состојба, а две до три се во животна опасност.

Мексиканскиот претседател Андрес Обрадор напиша на Твитер дека тројца Мексиканци се меѓу загинатите . Министерот за надворешни работи изјави дека едно 10-годишно девојче е меѓу шестмина погодени Мексиканци.

Полицијата на Ел Пасо потврди дека во пукањето била користена пушка.

Првично, полицијата добила извештај на неколку напаѓачи.

  Инспекторите веруваат дека напаѓачот го копирал нападот во Кристчрч, Нов Зеланд.

Во продавницата имало меѓу 1.000 и 3.000 клиенти и 100 вработени за време на нападот .

Ова е втор напад на продавници во Волмарт во неделата. На 30 јули две лица загинаа, а еден човек беше повреден при пукање во Мисисипи.

Ел Пасо е град во Тексас со 680.000 жители и се наоѓа на границата со Мексико.

Кон крајот на минатиот месец, три лица загинаа во пукање на фестивал во Калифорнија.