Што е на ред по потпишаниот договор за Северна Македонија

од Vladimir Zorba

По вчерашното потпишување на Договорот меѓу Македонија и Грција, следат чекори за спроведување на истиот.

Денес се очекува да помине на владина седница Законот за ратификација на договорот меѓу Македонија и Грција, по што ќе биде доставен на усвојување во Собранието.

За да помине во парламентот потребно е просто мнозинство – односно најмалку 61 пратеник присутен во салата, од кои најмалку 31 би гласале „за“.

Според процедурите, по усвојувањето, законот се праќа на потпис кај шефот на државата, кој има рок од седум дена да го потпише указот. Ако Иванов го употреби правото на суспензивно вето,што тој веќе го најави и е очекувано,  законот за ратификација се враќа во собраниска постапка.

Ако во повторената процедура биде изгласан со најмалку 61 глас, Иванов е должен да го потпише.

До колку една од страните  , се мисли на Грција и Македонија, не го прифати договорот за време на внатрешните процедури, тоа ќе значи дека договорот нема да важи.

Македонските граѓани ќе го имаат конечниот збор за договорот за името на референдум кој треба да се одржи до октомври оваа година.

По референдумот  до крајот на годината, Македонија ќе треба да усвои и амандмани на Уставот.

Грција пак има обврска да ги извести НАТо е ЕУ дека е постигнат договор за надминување на разлиите околу името и да ја чека ратификацијата во Македонија, па потоа истиот документ да го ратификува во грчкиот парламент, по што стартува примената на името Република Северна Македонија.

Слични содржини