Што е сексуално вознемирување – анкета укажува на различни ставови во Европа

од Марта Пешевска
147 прегледи

– Во анкета направена со цел да се види што за жители на западни и северни европски држави, значи сексуално вознемирување, има одговори што се заеднички за сите, но и изненадувачки несогласувања, јави ДПА.

Меѓу неприфатливите однесувања анкетираните најмногу се противат на тоа мажи да покажат гениталии, сексуално искористување жени, допирање на задникот на жена или фотографирање на здолниште на жена.

Компанијата ЈуГов во анкета чии резултати се објавени денеска, наведува дека истражувањето за тоа прашање го спровеле во седум европски држави – Британија, Данска, Франција, Финска, Германија, Норвешка и Шведска – врз 8,490 луѓе.

Во неа се наведени голем број несогласувања меѓу мажи и жени за тоа што е сексуално вознемирување.

На пример, зјапање во женски гради одразува различни реакции. Во Германија 73 отсто мажи и 58 отсто жени не го сметаат тоа за сексуално вознемирување. Спротивно, 57 отсто Британки сметаат дека таа навика е неприфатлива.

Ако маж и кажува секс-вицеви на жена – тоа е вознемирување за 67 отсто Финци и 53 отсто Французи, но не и во Норвешка – за 47 отсто анкетирани или Шведска(38 отсто). Само 17 отсто Данци сметаат дека тоа е неприфатливо.