Услов за влез на Македонија во НАТО е решение за името, и не е потребен самит на НАТО како оној сега во Јули , туку во било кое време кога ќе се најде решението, и порано и подоцна. Геополитичката сосотојба, особено заканите од Русија упатуваат на итно решение, барем за НАТО, ако не за Македонија. Процесот со решението со Грција , барем од тоа што се знае , е на вкопани ровови.Малку се дебатора на тема НАТО.
И покрај заглавеноста на процесот, добро информирани дипломатски и политички извори, пишува „Ефимерида“, тврдат дека ЕУ и НАТО, а особено Алијансата подготвиле бајпас, доколку не се реши спорот за името, со кој Македонија би била примена во НАТО. Според весникот постојат две опции – специјален однос со Македонија или прием во НАТО под признатата референца поранешна југословенска Република Македонија, со фуснота дека кога новото име ќе се договори, земјава ќе биде ословувана со тоа име.
Денеска попладне во Скопје ќе пристигне шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Москва пред два дена упати директно предупредување за безбедноснте последици од евентуалното членство на Македонија во НАТО. На 30 март во Виена Коѕијас и неговиот македонски колега Никола Димитров ќе се сретнат со посредникот на ОН за името Метју Нимиц. Тоа е следот на настаните.
Експертскаста јавност пак вели дека за Македонија ќе се цени и последниот тек на настаните, владеењето на правото, демократијата и безбедносната стабилоност.Заев ја има поддршката , но реформскиот амбиент заради сите овие преговори тапка во место. Во тој контекст е и веројатно препораката на американскиот Стејт департменент од вчера дека треба да се работи во интерес на сите граѓани
САД ги повикуваат парламентарните партии од власта и од опозицијата да продолжат со реформите, велат за МИА од американскиот Стејт департмент во однос на Законот за употреба на јазиците изгласан од Собранието минатата недела.
– Подршка за реформите дојде од сите страни. Како што кажа примиерот Зоран Заев, Владата и политичките лидери се должни и носат одговорност за унапредување на интересите на сите граѓани во земјата, се вели во изјавата за МИА од американскиот Стејт департмент.
Во Грција преовладува оценката дека преговорите за името влегуваат во најкритична фаза и дека нема голем простор за оптимизам за конечната спогодба. Грција гледа надеж во долго очекуваните притисоци од Европската Унија и Ангела Меркел, но и од ОН, што веќе долго време ѝ биле ветени на Атина.
Македонија пак гледа излез во конструктивноста и меѓународната заедница, која пак го очекуваат ветеното од новата власт забрзан еформски курс и промени.