Пандемијата е епидемија на заразни болести која се шири низ голема област – на повеќе континенти или ширум светот.
Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата на вирусот Ковид-19 за пандемија, дополнително додавајќи ја на сериозноста на инфекцијата со новиот коронавирус.
Додека епидемијата е термин што означува брзо ширење на заразна болест кај голем број на луѓе во текот на мал временски период, пандемијата е повеќе како географски маркер, што треба да укаже на тоа дека болеста се проширила низ голема област.
Самиот збор „пандемија“ е изведен од грчките зборови „pan“ (сите) и „demos“ (луѓе), што му дава и лингвистичка тежина на терминот.
Распространетата болест во која бројот на заразени лица е стабилен и не се зголемува не спаѓа под пандемија. Затоа, сезонската појава на грип, иако влијае на голем број луѓе ширум светот, не се смета за пандемија.
Исто така, болеста мора да биде и заразна со цел да се прогласи за пандемија. Тоа што е широко распространета и одзеде многу животи, не се единствените критериуми.
На пример, карциномот е одговорен за исклучително голем број на смртни случаи секоја година и е распространет низ целиот свет, но не може да се смета за пандемија затоа што не е заразен.