Што е вистинскиот патриотизам за Македонија?

од desk4
100 прегледи

Во 2001 одредени кругови потпишувањето на Охридскиот договор го сметаа како чин на предавство, денес некои кругови како чин на предавство го сметаат договорот што би бил постигнат со Грција. Што според вас претставува патриотизам во вистинска смисла на зборот?

– Вистинскиот патриотизам за вашата земја е да се направи она што е најдобро за идните генерации. Тоа значи да се отстранат препреките за напредок и раст. Вистински патриотски партии тука се оние кои веруваат во раст на економијата, во подобрување на односите со соседите, кои праваат компромиси за да се постигне баланс во економијата и во општеството, да се изгради општество заснова на вистински вредности. Тоа се слободата на говорот, слободни медиуми, владеење на правото, почитување на приватната сопственост. Тоа се вредности, кои ние на Западот ги почитуваме. Вистинските патриоти во оваа земја се оние кои гледаат долгорочно. Понекогаш мораме да ги турнеме екстремите настрана и да ги сместиме на задното седиште, да мислиме на младите, на идните генерации.

Лорд Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО и предводник на Групата Охрид

 

Мојата последна посета како генерал секретар на НАТО беше во 2003 година, тогаш го посетив селото Теарце. Децата, кои таму не пречекаа не знаеја кои сме, имаше хеликоптери, ТВ камери. Тие беа живи, ако работите тргнеа во поинаква насока тие можеше да бидат мртви, ранети или да станат бегалци. Тогаш компромисите беа направени, екстремите беа замолчени, мирот беше постигнат и благодарение на тоа овие деца денес се возрасни личности.